Продолжението на петнаесетата седница на Советот на општина Струмица, ќе се одржи в понеделник (09.06.2014 година) со почеток во 11,00 часот во Домот на АРМ во Струмица.
На продолжението на петнаесеттата седница ќе се работи по усвоениот дневен ред од почетокот на петнаесетата седница и тоа:
- Предлог – Решение за констатирање престанок на мандат на член на Советот на Општина Струмица;
- Предлог – Решение за констатирање престанок на мандат на претседателот на Советот на Општина Струмица;
- Предлог – Решение за верифицирање на мандат на член на Советот на општина Струмица;
- Предглог – Решение за избор на претседател на Советот на општина Струмица.