Голем интерес по Јавниот повик на општина Струмица за поддршка на невладиниот сектор

Здруженијата на граѓани и фондациите од општина Струмица покажаа голем интерес за финансиската поддршка од општината за оваа 2014 година. На Јавниот повик што беше објавен на трети јуни, до одделението за локален економски развој при општина Струмица пристигнаа вкупно 34 проектни иницијативи од здруженија и фондации.

По програмата G1, од областа на локалниот економски развој, културата, образованието, здравствената заштита, заштитата и унапредувањето на животната средина, младите и младинските политики, доставени се 25 проекти, а останатите 9 се по програмата V2, односно, од областа на социјалната заштита. Финансиска поддршка ќе добијат здруженијата и фондациите кои ги исполнуваат критериумите што беа наведени во Јавниот повик, а во рамките на законот за здруженија и граѓани.

 

Во буџетот на општина Струмица за 2014 година, во програмата G1 поддршка на локален економски развој – трансфер до невладините организации, планирани се финансиски средства во висина од 2.350.000 денари и дополнителни 600.000 денари во програмата V2 социјална заштита.

 

Во текот на наредната недела ќе бидат објавени здруженијата и фондациите кои добиле финансиска поддршка од општина Струмица. Тие своите проектни иницијативи ќе треба да ги реализираат до крајот на оваа година.