Заради зголемената фреквенција на луѓето во летниот период, особено во вечерните часови низ плоштадот „Гоце Делчев“, градскиот парк и сите урбано уредени локации во општина Струмица, како и за поголема безбедност на нашите сограѓани, општина Струмица апелира до сите совесни граѓани за почитување и одржување на културата на движење и негување на вредностите кои заеднички низ годините наназад ги создававме.
Исто така, општина Струмица ги информира сите правни субјекти кои гравитираат во централното градско подрачје, а кои имаат потреба за дотур на стока, согласно одлуката на Советот на општина Струмица бр. 07-2659/1 од 28.04.2011 година, доставата низ плоштадот Гоце Делчев (по потреба) ќе се врши од 06 : 00 часот до 10 : 00 часот низ потегот од улицата „Невена Стојкова“ (кај клубот „Платинум“).Во другиот период од денот забрането е движење на секаков вид моторни возила по плоштадот „Гоце Делчев“.