И покрај сезоната на годишни одмори, Одделението за администрирање на приходи (Даночно одделение) при Општина Струмица, непречено ги извршува тековните активности, со цел навремено излегување во пресрет на ѓраѓаните за сите нивни барања.
Одделението врши администрирање на договори за купопродажба на недвижности, договори за дарување на недвижности и оставнински решенија, како и администрирање на данок на имот за физички и правни лица и комунална такса (фирмарина).
Во состав на одделението работат и овластени проценители, кои вршат проценка на недвижен имот кој е предмет на купопродажба.
Наплатата по основ на споменатите дејности е во рамките на планираните проекции за овој период од годината, без значајни отстапки во споредба со иститот период во минатите години.
Според зборовите на раководителот на даночното одделение Душко Василев, решенијата за данок на имот за физички и правни лица и решенијата за комунална такса, се веќе доставени до даночните обврзници.
Доколку од разни причини, некои од даночните обврзиници не ги добиле решенијата, истите можат да ги подигнат во канцеларијата на одделението, секој работен ден од 8 до 16 часот.
Општина Струмица апелира до граѓаните и стопанствениците да го почитуваат предвидениот рок за подмирување на даночните обврски, со што ќе го дадат својот, со закон утврден влог, за разубавување на општината и за подобрување на квалитетот на живеење.