Браќата Пено Стојанов и Блажо Стојков од Рич, Митко Георгиев од Струмица и Војо Гркланов од Вељуса се четиритe жртви кои смртно настрадаа како последица на пожар што се случи на денешен ден во 2012 година.Двегодишнината од овој трагичен настан беше одбележана од страна на претставници на Советот на општина Струмица предводени од претседателот Јосиф Христов, кои положија свежо цвеќе пред споменобележјето подигнато во чест на жртвите од пожарот.