Концерт за паметење, преполн плоштад и воодушевена публика, вака заврши единаесетдневниот „Струмица опен фестивал“. Безвременскиот Здравко Чолиќ ја оправда доверената чест од организаторот да го затвори фестивалот.

Цели три часа траеше неговиот настап на големата музичка сцена на градскиот плоштад. Во неговите песни уживаа сите генерации, ги пееа заедно со него и му се воодушевуваа на енергичниот настап, на шармот, на прекрасниот глас. Покажа и докажа дека е вистинска балканска ѕвезда, таква беше и ноќта, ѕвездена, каква што и доликува на Струмица, ѕвездениот град.„Незаборавен настап и ноќ која долго ќе се прераскажува“, вакви беа коментарите на посетителите, а ги имаше од цела Македонија кои во Струмица пристигнаа уште во попладневните часови за да си обезбедат место на плоштадот.Атмосферата пред настапот на Здравко Чолиќ ја загреваа групите „Дивизија“, „Дивајн“, Коста Хаџикојчев и Александра Јанева.Последната музичка вечер уште еднаш потврди дека единаесетдневниот „Струмица опен фестивал“ е манифестација која понуди незаборавни културно – забавни доживувања во организација на здружението „Културен забавен живот“, а со поддршка на градоначалникот Зоран Заев и општина Струмица.