ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на правни лица за стручно оспособување на кандидатите за добивање на сертификат за авто-такси возач

1.  Според Законот за превоз во патниот сообраќај и неговите измени и дополнувања ( Службен весник на РМ бр.68/04, 127/06, 114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 6/12, 23/12, 120/13, 163/13, 187/13 и 42/14) се дополнува со нов член и тоа член 8-з во кој член е нагласено кои правни лица можат да вршат стручно оспособување на кандидатите за добивање сертификат за авто-такси возач.

Услови за исполнување

2.  Согласно горенаведениот чл.8-з,  правното лице кое ќе врши стручно оспособување на кандидатите за добивање на сертификат за авто-такси возач треба да ги  исполнува следните услови:

– да располага со минимум 30м2 простор опремен за одржување на обуката;

–  да располага со информатичка технологија и друга опрема за водење на евиденција;

–  да има минимум три лица вработени во редовен работен однос со високо образование ( економски, сообраќаен или правен факултет).

Право на пријавување

3. Право да се пријават на овој Јавен повик имаат сите заинтересирани правни лица, кои ги исполнуваат условите наведени во законот, како и да се регистрирани за соодветната дејност.

Потребни документи и нивна достава

4. Сите заинтересирани кандидати, документите со кои потврдуваат дека ги исполнуваат условите, да ги достават до општина Струмица во рок од 8 дена, сметано од денот на објавата на Јавниот повик.

Документацијата се доставува директно до Општина Струмица, канцеларија бр.20, 1-ви кат ( Архива ) , заедно со пропратно писмо за интерес на повикот од правното лице.

По извршената евалуација на документацијата, сите кандидати ќе бидат писмено известени за резултатот.

Лице за контакт  Атанаско Глигоров тел: 076/483/148

Општина Струмица                                                                                                                                                  Градоначалник

11.09.2014                                                                                                                                                                    Зоран Заев

Струмица