Во Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ се интензивираат активностите за изградба на пречистителната станица за отпадни води на Струмица. За сите технички активности веќе е ангажирана фирмата „Нирас“ од Данска која ги почна подготовките за изработка на физибилити студијата. Во изминатите денови, се работеше на терен, односно, се вршеше снимање на канализацијата, врз основа на што ќе се изработи хидраулички модел на истата, а за потребите на физибилити студијата.