Од синоќа Струмица и официјално го почна одбележувањето на 20 годишнината од приемот во Европската федерација на карневалски градови, FECC. По тој повод, во хотелот „Сириус“, градоначалникот Зоран Заев, им врачи меморијални медали на 80 гости од 14 држави и членови на организациониот одбор на струмичкиот карневал. Посакувајќи им добредојде на гостите, тој рече дека Струмица е горда на 20-те години членство во најголемата светска карневалска асоцијација, а особено што, таа асоцијација ја избра токму Струмица за прослава на својот 34-от роденден.
Успеавме да го привлечеме вниманието на бордот на FECC, да токму Струмица биде домаќин. За нас тоа претставува огромно задоволство и 20-те години наше членство во Европската федерација на карневалски градови и годината кога помеѓу двата карневала, Струмица е прогласена за еден од најдобрите 20 светски карневали, прават, тоа задоволство да биде уште поголемо. Јас, се надевам дека сите овие големи членови на бордот, презентери на големи карневалски градови, ќе заминат од Струмица со одличен впечаток од нашето гостопримство и нашата позитивна енергија кои ќе им ги пренесеме за да ни доаѓаат заедно со своите групи на карневалските манифестации, рече градоначалникот Заев.За Александар Цицимов, претседател на организациониот одбор на струмичкиот карневал, овие одбележувања имаат големо значење за Струмица.Имаме извонредни карневалски групи кои се препознатливи насекаде каде што ќе отидат. Горд сум што овој роденден е најголем во историјата на FECC, односно, најмногу посетен, тоа претставува вистинско изненадување за сите, а за нас претставува потврда дека поставувањето меѓу врвните карневали не е случајно, присуството на овие луѓе овде е доказ дека тоа е вистина, рече Цицимов.Претседателот на Европската федерација на карневалски градови, Фердинанд Ван Дер Крон истакна дека Струмица заслужи во неа да се одржи роденденски собир на FECC.Јас сум многу, многу горд, што овој роденденски собир се одржува во Струмица и тоа е голем успех. Напорите на градоначалникот Зоран Заев и на Александар Цицимов беа големи и професионални за да ја стават Струмица на европската мапа на карневалски градови, рече Крон.Одбележувањето на 20 годишнината од приемот на Струмица продолжува вечерва со приемот кој што за гостите го приредува градоначалникот, Зоран Заев, кој потоа во центарот за култура „Антон Панов“ ќе ја отвори изложбата насловена „За 20 години во FECC помеѓу 20 топ улични карневали во светот“ на која преку фотографии ќе биде презентиран развојот на карневалот во Струмица кој има вековна традиција.