На 01.10.2014 година (среда) во 12 часот Трката за мир ќе помине низ општина Струмица. Учесниците во трката ќе се движат по следната релација: пристап од Р1401 Струмица – Валандово делница од улицата „Маршал Тито“ (клучка Куклиш), булевар „Балканска“, булевар „Маршал Тито“ и времено стационирање на плоштадот „Гоце Делчев“ и повторно продолжување по булеварот „Ленинова“ кон А4 Струмица – Радовиш. За време на трката оваа релација ќе биде затворена за сообраќај.