Ќе се гради локален пат од населеното место Куклиш до населеното место Градско Балдовци. Договорот за изведба на овој пат, во Бирото за регионален развој го потпиша вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов. Според него, општина Струмица аплицираше по јавниот повик за предлог проекти за развој на подрачјата со специфични развојни потреби за 2017 година, а во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој.