Одделението за образование при општина Струмица, согласно Законот за основно образование и Законот за просветна инспекција, ги известува родителите дека во месец мај ќе се врши упис на ученици во прво одделение за учебната 2017/18 година во сите општински основни училишта.Запишувањето во прво одделение е задолжително за сите деца кои ќе наполнат 6 години до крајот на календарската 2017 година.
Детето може да се запише и доколку полни 6 години до 31.01.2018 година, по претходно барање на родителот и добиено позитивно мислење од педагогот и психологот во училиштето. На барање на родителите запишувањето на детето може и да се одложи, но единствено со потврда издадена од здравствена установа, која ќе утврди дека не е подготвено да оди на училиште. Родителот/старателот на детето е должен да го запише детето и е одговорен за негово редовно посетување на наставата.Уписите ќе се вршат секој работен ден од 9 до 14 часот, од 02.05.2017 до 31.05.2017 година во сите основни училишта во општината.Секое училиште е должно да ги опфати децата од својот реон. Потребни документи за упис се извод од матична книга на родените и потврда за примени задолжителни вакцини на детето.
Подетални информации може да се добијат од педагошко – психолошката служба во основните училишта .