Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, денеска, во својот кабинет оствари средба со амбасадорката на Германија во Република Македонија, Кристине Алтхаузер. Во рамките на средбата беше потпишан и договор за набавка на возило за дистрибуција на храна во пет градинки и една народна кујна во општина Струмица. Договорот го потпишаа градоначалникот Заев, германската амбасадорка Алтхаузер и директорката на градинката „Детска радост“, Тинка Маркова. Овој проект тежи 14.240 евра, од кои 8.000 евра се донација од германската амбасада, а останатите средства ги обезбедуваат општината и градинката.