Во организација на Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“, денеска се поделија писмени известувања за граѓаните чии живеалишта се наоѓаат во зоните каде ќе се имплементира зонското паркирање. Целта на оваа акција е да се информираат граѓаните за повластувањата кои ги нуди Јавното претпријатие пред отпочнувањето на при пејд паркирањето. Во писмените известувања кои што ги добија граѓаните се наведени причините поради кои се воведува зонското паркирање, подрачјето на двете паркинг зони, начинот на кој ќе функционира паркирањето и повластувањата кои што ќе ги добијата граѓаните кои живеат во двете паркинг зони.