Општина Струмица и Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ го продолжуваат големото есенско чистење на каналите. По исчистените 1.350 метри од коритото на реката Тркања, при што се извадени 36 илјади метри кубни наноси од дрвја и трска, чистењето вчера продолжи во последниот дел од поројот „Крушевска Република“, односно на потегот од мостот на транзитниот пат па се до сливањето во реката Тркања. Целта на ова чистење е да се овозможи нормален, функционален тек на сите атмосферски води кои што го напаѓаат градот, особено при големите поројни дождови, но секако и создавање услови за комплетно функционирање на фекалната канализациона мрежа во градот Струмица.Денеска, почна чистењето и на каналите во населеното место Костурино. Се чисти каналот кој што се наоѓа од левата страна на магистралниот пат на влезот во селото и каналот позади подрачното училиште. Чистењето на овие канали се врши согласно општинската програма за оваа 2014 година.