Со обележувањето на пешачките премини околу кружниот тек на булеварот „Ленинова“ и улицата „Климент Охридски“, општина Струмица започна со обновувањето на хоризонталната сообраќајна сигнализација во градот. Во наредните денови обележувањето ќе се врши на булеварите „Ленинова“ и „Маршал Тито“ на улиците „Гоце Делчев“, „Маршал Тито“ и останатите места каде што е планирано зонското паркирање и тоа претежно во попладневните и вечерните часови.
Затоа се апелира до сите граѓани своите моторни возила да ги гаражираат доколку имаат услови за тоа или да ги преместат во споредните улици на градот Струмица. Исто така, граѓаните можат да соработуваат и со службите на Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица” и сообраќајната полиција во делот на преместување на возилата од главните булевари и улици за непречено одвивање на обележувањето на хоризонталната сигнализација во градот.