Учениците и вработените во општинското средно училиште „Димитар Влахов“ денеска го одбележаа Светскиот ден на храната. Во просториите на Домот на АРМ приредија вистинско уживање за сите љубители на храната. На прекрасно аранжирани штандови презентираа најразновидни прехранбени производи, солени и слатки специјалитети, подготвени од нив, но и разновидни прехранбени производи од бизнис партнерите на училиштето, а типични за струмичкото поднебје.
На манифестацијата присуствуваа членови на Советот на општина Струмица, соработници и пријатели на училиштето, но и поголем граѓани кои буквално уживаа во богатата понуда на училиштето.Дванаесет години по ред ја организираме оваа прекрасна манифестација во која директно се вклучени учениците од земјоделската и прехранбената струка. Со задоволство ја организираме манифестацијата потврдувајќи ја долгата традиција на нашето училиште уште од далечната 1946 година и неговите успеси кои го направија едно од најпознатите средни училишта во државата. Ние сме земјоделски крај и со задоволство едуцираме млади и квалитетни кадри кои почнуваат сопствени, но и ги продолжуваат веќе започнатите семејни бизниси од областа на земјоделството и преработувачката индустрија. Потврда за нашата сериозност е и денешната манифестација со која го одбележуваме Светскиот ден на храната, рече Димитар Ѓорѓев, директор на СОУ „Димитар Влахов“.