Улиците во градот добиваат нов изглед со обновувањето на хоризонталната сообраќајна сигнализација. За четири дена, обележани се вкупно 1.500 метри квадратни, од кои поголем дел се пешачки премини, стоп линии и паркинг површини. Најголем дел од планираните активности се реализирани на улиците „Климент Охридски“, „Ѓорѓи Василев“, булеварот „Ленинова“ и на повеќе крстосници.
Најголем проблем во досегашното обновувањето на хоризонталната сообраќајна сигнализација има кај обележувањето на паркинг површините поради паркираните моторни возила. За да се надмине овој проблем и обновувањето на хоризонталната сигнализација да тече според планираната динамика, се апелира до граѓаните во попладневните часови кога и се врши обележувањето, да ги гаражираат сопствените моторни возила доколку имаа услови за тоа или да ги преместат на друго место.