Екипи на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ денеска го собираа отпадот на три локации во градот. Едната локација на улицата „Ѓорѓи Василев“, кај старите турски гробишта, а двете на улицата „Климент Охридски“, во близина на патот за Градско Балдовци. Со ова собирање на отпадот, општина Струмица и годинава се вклучи во реализацијата на националната акција за чистење „Македонија без отпад“. Покрај вработените во Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ во акцијата се вклучија и сите основни и средни училишта на територијата на општината во кои се чистеа дворовните места.