Општина Струмица денеска беше домаќин на шеесетчлена делегација од Република Бугарија, специјалисти од социјалната сфера, директори на национални институции, раководители на социјални сервиси кои се учесници на семинар кој што се одржува во Петрич, Република Бугарија. На средбата што се одржа во просториите на Домот на АРМ, тимот на одделението за локален економски развој при општина Струмица ги презентираше општинските достигнувања и покажа дека има капацитет да ги спроведе општинските политики во сферата на социјалната заштита.
Ваквото вмрежување и размена на позитивни искуства ќе имаат значително влијание на унапредувањето на социјалната заштита во однос на социјалните услуги на општината.Учесниците на овој семинар слушнале за достигнувања на општина Струмица во унапредувањето на социјалната заштита и спроведувањето на социјалната политика на локално ниво согласно надлежностите на општина Струмица и покажаа интерес на оваа денешна средба да слушнат добри практики и искуства од општина Струмица кои секако ќе значат придонес во подигањето на квалитетот на социјалните услуги и во Република Бугарија, а во тој контекст и во Република Македонија, односно, во локалната заедница овде во општина Струмица. И овој пат општина Струмица преку одделението за локален економски развој и тимот кој што работи на социјалната заштита покажавме дека сме на висина на задачата и подготвивме целосна презентација за гостите од Република Бугарија за се она што значи достигнување на општина Струмица во областа на социјалната заштита, а согласно нејзините надлежности, реализираните проекти, квалитетот на социјалните услуги и во тој контекст ќе го потврдиме нашето пријателство во однос на зближувањето и во споделувањето на таквите позитивни практики, рече Тони Милушев, раководител на одделението за локален економски развој при општина Струмица.Претставниците на бугарската делегација потврдија дека добрите практики на општина Струмица се причината за денешната средба која секако ќе има големо значење за понатамошната соработка во областа на социјалната заштита.