Од вечерва крстот над градот повторно блесна во полн сјај. Вработените во одделението за улично осветлување при Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ заедно со Територијалната противпожарна единица на Струмица денеска го сервисираа по што целосно е осветлен. Крстот висок 18,5 метри беше поставен во октомври 2006 година.