Во рамките на проектот на Европската унија ,,Европска недела на мобилност – Нашите улици, наш избор‘‘, денес претставници од Одделенијата за локален економски развој и за урбанизам при Општина Струмица, ЈП ,,Паркиралишта и ЈПКД ,,Комуналец‘‘ извршија теренски увид за состојбите со сообраќајните услови и состојбата со фрлањето на отпадоци во градот.
Предмет на увидот беа тротоарите, паркинзите, пешачките и велосипедските патеки на улиците ,,24 Октомври‘‘, улицата ,,Младинска‘‘ (до кружниот тек) и улиците околу ООУ ,,Сандо Масев‘‘.Проектот се спроведува преку кампања за оддржливост на мобилноста во урбаните средини, со цел воведување и промовирање нови алтернативни мерки за транспорт кои ќе бидат одржливи и ќе придонесат за намалување на загаденостан и унапредување на животната средина.Со теренскиот увид се нотирани негативните и позитивните состојби кои ќе бидат предмет на анализа и соодветно постапување, а ќе бидат организирани и едукативни кампањи за подигање на свеста кај граѓаните за зачувување и оддржување на животната средина.