Во општинското основно училиште „Маршал Тито“ од Струмица во изминатиот период се реализираа повеќе активности во рамките на проектот „Нансен модел за интегрирано образование“, а со поддршка на општина Струмица и градоначалникот Зоран Заев.
Според информациите од директорката на училиштето, Благица Устапетрова, во две училници е заменет стариот под со ламинат, извршено е лакирање на паркетот во ходникот, а набавени се и бели табли, плакар и шкафови. Исто така, со сопствени средства извршена е и реконструкција на постоечкиот паркет во две простории. Со овие зафати подобрени се условите за изведување на воспитниот – образовниот процес во училиштето.