Општина Струмица ја продолжува реконструкцијата на тротоарите по улиците во градот. Градежниот зафат е целосно завршен на улицата „11-ти септември“ каде што се поставени бекатон плочки на површина од 456 метри квадратни. Се обновува и тротоарот на улицата „Епименонда Поп – Андонов“. Нови бекатон плочки на оваа улица ќе бидат поставени на површина од 290 метри квадратни.