Денеска во просториите на Центарот на заедницата на општина Струмица кои што се наоѓаат во домот на АРМ, се одржа информативна средба на која присуствуваа раководителите на сектори и одделенија и членови на Советот на општина Струмица и координаторите на Центарот.
Целта на средбата беше запознавање со активностите и плановите за работа на Центарот до крајот на годината и дефинирање на потребите на општинската администрација кои можат да бидат дел од идните активности на овој Центар.Центарот на заедницата на општина Струмица е формиран во рамките на проектот „Општина по мерка на граѓаните“ од страна на Фондацијата Отворено општество Македонија и е поддржан од општина Струмица со цел да придонесе за активно вклучување на граѓаните во подготовката и донесувањето на локалните политики и во обезбедувањето квалитетни општински услуги.Центарот на заедницата свечено ќе биде отворен на 05.11.2014 година, (среда).