Во општинскиот сервис „Систем 48“ во последните три месеци, јули, август и септември, граѓаните на општина Струмица пријавиле и доставиле вкупно 449 пријави за повеќе видови проблеми. Општинските служби решиле, односно, санирале 409, а останатите 40 за кои е потребно повеќе време, се во процес на решавање.
Најголем дел од пријавите или 245 се во делот на уличното осветлување, 83 за собирање смет, 64 за водовод и канализации и останатите пријави се од надлежностите на општинските инспекциски служби. Големиот број пријави до општинскиот сервис „Систем 48“ потврдува дека граѓаните се задоволни од неговото функционирање. Од таму апелираат до граѓаните на општина Струмица за навремено пријавување на проблемите за да можат истите квалитетно да бидат решени.