Општина Струмица по четврти пат ќе биде дел од проектот „Форуми на заедницата“ поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и Заедницата на единиците на локалната самоуправа. По тој повод, денес во Домот на АРМ, состанок одржа проектиот тим, на кој беше утврдена динамиката на одржување на форумските сесии и агендата за првата форумска сесија која е закажана за 13. ноември. Инаку, во рок од еден месец треба да бидат одржани петте форумски сесии, предвидени за оваа календарска година.