Вчера во просториите на домот на АРМ беше реализирана работна средба со педагошко – психолошките служби на основните и средните училишта во општина Струмица, претставници од СВР-Струмица, претставници од Центарот за социјални работи, од локалната самоуправа и од ОБСЕ. На средбата беа презентирани проектите: „Меѓу-ресорски тимови за работа со деца- жртви” и „Превенција на малолетничко престапништво на подрачјето на СВР-Струмица”.
Целта на средбата беше воспоставување на ефикасно и координирано постапување меѓу училиштата, Центарот за социјални работи и полицијата, како и дефинирање на улогите, конкретните чекори и активностите за заштита на децата од злоупотреба и занемарување и на деца во ризик.Инаку, педагошко – психолошките служби на основните и средните училишта во општина Струмица веќе подолго време работат на детектирање на децата жртви на злоупотреба и занемарување, од што и се наметна потребата за вклучување во поширока и координирана акција која треба да даде и поголеми резултати во заштитата на децата во ризик.