До општинскиот сервис за пријавување на комунални проблеми „Систем 48“ во текот на месец октомври, доставени се вкупно 151 пријава. Од нив 130 се решени, а останатите 21 пријави се во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа и една пријава е од инвестиционен карактер.
Најголем број од доставените пријави се од областа на улично осветлување 98, од областа на собирање смет 23, водовод и канализација 10 и општински инспекциски служби 4. Од општинскиот сервис „Систем 48“ апелираат до граѓаните за навремено пријавување на проблемите на бесплатниот телефонски број 080014848, за да можат навремено да интервенираат и општинските служби да ги решаваат пријавените проблеми, а со тоа би се спречиле и недоразбирањата во однос на временскиот рок кога е пријавено и кога точно треба да се одговори, односно интервенира. Истовремено, им благодарат на сите граѓани на Општина Струмица за користење на услугите на „Систем 48“.