ОБЈАВА

ОБЈАВА 02/2014 (10.11.2014)

за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија

по пат на  електронско јавно наддавање во Општина Струмица

ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено  земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со Детален урбанистички план Урбан Блок 3 Струмица, донесен со одлука бр.07-2658/1 од 28.04.2011 година на општина Струмица ,со основна намена Г2,Г3,Г4 –лесна и незагадувачка индустрија,сервиси и стоваришта ,со карактеристики согласно Табеларниот преглед (Парцела под Реден број 1,2,3 и 4)

Табеларен преглед: Лесна и незагадувачка индустрија,сервиси и стоваришта

Ред.

број

Број на градежна парцела Намена на   парцелата Број на катастарска парцела

КО Струмица

Мах. Висина

до венец (метри)

Површинана градеж.парц.

(м2)

Површина

за градење (м2)

Почетна

цена по м2 (денари )

Вкупна почетна цена (денари) Депозит за учество на електронско јавно наддавање – 30%
1. ГП бр.34.3.1 Г2,Г3 и Г4

6512/1

во зависност од  тех.процес

6026

3941

61,oo

367.586,oo 110.276,оо
2. ГП бр.38.3.1 Г2,Г3 и Г4

6512/1

во зависност од тех.процес

2401

1563

61,oo

146.461,оо 43.938,оо
3. ГП бр.39.3.1 Г2,Г3 и Г4

6512/1

во зависност од тех.процес

3616

2426

61,oo

220.576,оо 66.173,оо
4. ГП бр.45.3.1 Г2,Г3 и Г4

6512/1

во зависност од тех.процес

1418

716

61,oo

86.498,оо 25.949,оо

ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право на учество на јавното наддавање имаат:

1.Физички лица: државјани на Република Македонија, државјани на држави членки на Европската унија и на ОЕЦД, како и државјани на држави кои не се членки на Европската унија и на ОЕЦД а под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија.

2.Правни лица: домашно правно лице, правно лице во мешовита сопственост, правно лице основано од странско физичко и правно лице, регистрирани во Централен регистер на Република Македонија, странски правни лица резиденти на држави членки на европската унија и на ОЕЦД, како и странски правни лица резиденти на држави кои не се членки на европската унија и на ОЕЦД а кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија.

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Заинтересираните физички и правни лица поднесуваат пријава за учество на јавното наддавање (по електронски форма на www.gradezno-zemjiste.mk , за секоја градежна парцела поединечно, во која е наведено за која парцела се однесува самата пријава и кои документи се составен дел на пријавата, во посебен плик за секоја градежна парцела), комплетирана со следните докази (приложени во оригинал или фотокопии заверени на нотар):

1.Пријава од подносителот,во која се наведени податоци за подносителот на пријавата;

2. Доказ за платен депозит во оригинал (да се наведе број на оглас и број на градежна парцела во цел на дознака);

3. За физичките лица уверение за државјанство;

4. За правните лица доказ за регистрација на правното лице од соодветен регистер;

5. e-mail адреса на подносителот на пријавата, преку која ќе се врши постапката на регистрирање за учество на електронското јавно наддавање, односно ќе му бидат испратени корисничко име и шифра за пристап на интернет страницата на која што ќе се одвива електронското јавно наддавање (за подносителите на пријави кои ќе достават погрешна е-маил адреса, Општина Струмица нема обврска да прима и врши корекции на истата).

6. Фотокопија од лична трансакциона сметка на која ке биде вратен депозитот за учество на електронското јавно наддавање.

Пријавите кои не се комплетирани со овие докази нема да учествуваат на електронското јавно наддавање за што подносителите на некомплетни пријави ќе бидат електронски известени.

ПОЧЕТНА ЦЕНА

Почетна цена на електронското јавно наддавање за градежните парцели наведени во Табеларниот преглед, изнесува 61,оо денари, од метар квадратен.

ДЕПОЗИТ

1.Депозитот за учество на електронското јавно наддавање за секоја градежна парцела е утврден согласно Табеларниот  преглед  даден во оваа објава и изнесува 30 % од вкупната почетна цена за секоја градежна парцела посебно од табеларниот преглед.

2.Депозитот се уплатува вирмански или преку пошта на

Назив и седиште на примач: Општина Струмица-депозитна сметка,

Трансакциска сметка:100000000063095

Банка на Примач :Народна Банка на Република Македонија,

Сметка на корисник: 7660140789 696 12,

Приходна шифра и програма 725939 00

Цел на дознака:  “депозит за јавно наддавање за оттуѓување на градежно земјиште”, за секоја градежна парцела посебно;

3.Депозитот се враќа во целост на подносителите на пријавите за јавно наддавање во рок од 15 дена од денот на одржување на јавното наддавање, освен на понудувачот кој понудил најповолна цена на кого по уплатата на вкупната цена постигната на јавното наддавање му се враќа уплатениот депозит намален за трошоци на постапката во износ од 10% од депонираните средства.

РОКОВИ

Пријавите за учество на јавното наддавање по Табеларниот преглед можат да се достават до 08.12.2014 година (понеделник) по електронски пат на следната интернет страна http://www.gradezno-zemjiste.mk/ .

Јавното наддавање по Табеларен преглед ќе започне на 12.12.2014 година (петок), и тоа:

За ГП бр.34.3.1 во 11,00 часот, и истото ке трае 15 минути

За ГП бр.38.3.1 во 11,30 часот, и истото ке трае 15 минути

За ГП бр.39.3.1 во 12,00 часот, и истото ке трае 15 минути

За ГП бр.45.3.1 во 12,30 часот, и истото ќе трае 15 минути

Јавното наддавање ќе се оддржи електронски на следната интернет страна www.gradezno-zemjiste.mk http://www.gradezno-zemjiste.mk/

ПОСТАПКА

1. Комисијата ги известува подносителите на пријавите за комплетираноста на истите по електронски пат, во рок од три дена од денот на поднесувањето на истите, при што на подносителите на пријавите кои доставиле комплетна документација им доставува и корисничко име и шифра за учество на електронското јавно наддавање, а на подносителите на пријавите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување со образложение дека истите нема да учествуваат на јавното наддавање.

2.На денот на одржување на електронското јавно наддавање учесниците пристапуваат на интернет страната со корисничкото име и шифрата која ја добиле на e-mail адресата доставена во прилог на пријавата за учество на јавното наддавање.

3.Електронското јавното наддавање може да отпочне со најмалку еден учесник во јавното наддавање, за секоја градежна парцела посебно.

4.Електронското јавното наддавање го следи Комисија, формирана од Општина Струмица.

5.Електронското јавното наддавање започнува со објавување на почетната цена на земјиштето по метар квадратен, а се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците.

6 .Наддавањето за градежните парцели посебно во Табеларниот преглед се врши “чекорно” со зголемување на вредноста со секој “чекор” не помалку од 10,оо денари.

7.Електронското јавно наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во оваа објава, при што доколку во истекот на последните две минути од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути. Јавното наддавање продолжува неограничено се додека во временски интервал од две минути има нова понуда.

8.Учесникот на јавното наддавање кој понудил најголема цена се стекнува со статусот најповолен понудувач.

9.Комисијата по завршувањето на јавното наддавање изготвува записник за спроведеното јавно наддавање и електронски го доставува до сите учесници на јавното наддавање.

10.Најповолниот понудувач е должен во рок од 15 дена од денот на приемот на писменото известување за избор и до комисијата да достави доказ за извршена уплата со целокупна документација потреба за учество на јавното наддавање. Доколку најповолниот понудувач ги уплати средствата а не ја достави документацијата потребна за учество на јавното надддавање ,односно не достави документација врз основа на која може да склучи договор, уплатените средства за отуѓување не градежно земјиштена напјповолниот понудувач не му се враќаат.

11.Доколку најповолниот понудувач не ги уплати средства во утврдениот рок, ќе се смета дека градежното земјиште не е отуѓено, нема да се пристапи кон склучување на договор за отуѓување и депонираните средства на најповолниот понудувач нема да му бидат вратени а истиот нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметната градежна парцела.

12. По доставување на доказ за извршена уплата со целокупната документација потребна за учество на јавното наддавање во утврдениот рок, Градоначалникот на Општина Струмица склучува договор со најповолниот понудувач за отуѓување на градежното земјиште сопственост на Република Македонија. Со договорот купувачот се обврзува во рок од 30 дена од потпишувањето на истиот да го достави кај нотар заради солемнизација и во рок од 9 месеци од извршената солемнизација на договорот да обезбеди одобрение за градба на предвидениот објект за градежни парцели до 5000 м2 и 12 месеци од солемницазија на договорот за градежни парцели над 5000 м2, согласно урбанистички план по кој земјиштето е отуѓено и да го изгради објектот согласно урбанистички план по кој земјиштето е отуѓено во рок не подолг од 10 години од денот кога одобрението за градење станало правосилно, во спротивно доколку купувачот не извади одобрение за градење во предвидениот рок, односно доколку објектот не се изгради во определниот рок по вина на купувачот, истиот ќе има обврска да плаќа договорна казна во висина од 1,5% од вкупно постигнатата цена на јавното надавање на предметното земјиште за секој изминат месец во првата година од истекот на рокот, односно 3 % од вкупно постигнатата цена на јавното надавање на предметното земјиште за секој изминат месец во втората година од истекот на рокот, односно 4,5 % од вкупно постигнатата цена на јавното надавање на предметното земјиште за секој изминат месец во третата и секоја наредна година од истекот на рокот.

13.Најповолниот понудувач се обврзува да го плати данокот на промет што ќе произлезе како обврска по склучениот договор за оттуѓување на градежното земјиште.

14.Во цената на градежното земјиште не е вклучен надоместокот за уредување на градежното земјиште.

15.Трошоците за нотарската процедура и воведувањето во евиденцијата на недвижностите во Агенцијата за катастар за недвижности паѓаат на товар на купувачот на градежното земјиште.

16.Незадоволните учесници на јавното наддавање можат да изјават приговор до Комисијата во рок од 3 дена од одржаното електронско јавно наддавање. По приговорот со решение Комисијата е должна да одлучи во рок од пет дена од приемот на истиот.

17. Против решението донесено од страна на комисијата, со кое се одлучува по поднесен приговор, странката има право да поднесе жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

Оваа објава ќе биде објавена и на WEB страната на Општина Струмица, www.strumica.gov.mk

Комисија за спроведување на постапка

за јавно наддавање

Претседател,

Кирил Парталов  ______________

Членови:

Стојан Динев _______________

Никола Годев_______________

Спасе Глигоров______________

Ѓорѓи Бонев_________________