Синоќа во Домот на АРМ се одржа првата сесија во рамките на програмата „Форуми во заедницата“ во општина Струмица. Стартот на овој форумски процес, кој по четврти пат се реализира во Струмица, предизвика огромен интерес кај граѓаните со што уште еднаш се потврди добрата практика за правилно вклучување на граѓаните во процесот на креирањето на општинските политики и практики и нивно партиципативно учество во креирањето на општинскиот буџет.
Цели три часа траеше првата форумска сесија. Градоначалникот Зоран Заев и граѓаните разговараа и ги кроеа развојните програми како дел од предлог буџетот за 2015 година. Градоначалникот Заев ги информираше граѓаните за приходите на општината, но и за приоритетите на кои што ќе се трошат буџетските средства во наредната година.Овие денови, како градоначалник, кој што е одговорен, пред се за приходниот дел, завршувам со заокружувањето на буџетската конструкција, а таа се темели на два важни фактори, информациите кои што стигнуваат во општината, од каде се очекуваме пари за наредната година, но се водиме и од севкупната реализација на буџетот во оваа година за да може да димензионираме реализација на буџетот за 2015 година. Согласно сите очекувања, мои и на администрацијата во секторот за финансии и буџет и сметководство, реализацијата на буџетот оваа година ќе биде околу 90 проценти. Тоа е одлична реализација во ова време. Реализациите на буџетите на општините во Република Македонија се движат во просек помеѓу 50 и 60 посто, значи има и 30, 40 и 50 посто и незнам дали некоја друга општина ќе стигне до 90 посто реализација. Ние сме околу 90 посто. Тоа ми дава храброст да димензионирам приходен дел на буџетот многу сличен на ланскиот, тоа е доволна причина за храброст и сите информации кои што ги имаме, за да можеме да димензионираме буџет кој што е некаде околу една милијарда и 15 милиони денари. Но, за најголем дел од овој буџет општината е поштар, тоа се блок дотациите за основното и средното образование, детските градинки, протовпожарната заштита, градската библиотека и пионерскиот дом. Еден дел се сопствени средства на самите буџетски корисници, тоа се партиципациите кои што ние родителите ги плаќаме во училиштата, делот кој што се плаќа за екскурзии, за матурските вечери, делот како партиципација во градинката, делот кој што библиотеката го собира од изнајмување на книги и слични вакви самофинансирачки активности. Основниот дел на буџетот оваа година беше 523 милиони денари, тука се движиме, основниот дел зависи исклучиво од нас како општина, колку ние ќе собереме пари и колку ќе реализираме сопствени средства. Така што буџетот, отприлика ќе биде димензиониран во оваа рамка, освен ако не се случи некоја нова позитивна најава која би го подобрила за некои 4 до 5 проценти самиот буџет. Ова го кажувам за да знаете дека трендот на реализација на работите продолжува, она што ни беше значајно, општината има свои обврски, дел доспеани, дел не, но во овој и претходниот квартал, голем дел од нив и се исчистуваат, така што, одговорно тврдам дека сме единствена општина која што нема долгови во училиштата и во градинките, тие се мали, минорни, сите основни и средни училишта еден милион денари и немаше да го имавме тој дел ако во последен момент немаше покачување на платите за 4 посто, државата ја донесе одлуката, општините не добија пари за оваа работа и сега ние мора да дадеме плати од нешто што било планирано за плаќање на обврските. Оваа информација ја споделувам со сите вас заинтересирани во креирањето на буџетот за да ги знаете состојбите во нашата општина. Преку буџетскиот форум сите заинтересирани субјекти имаат задача да номинираат потреби од областа на своето работење, од своето маало, од своето населено место, да номинираат потреби кои што се заеднички за сите граѓани на општина Струмица, важни за нашето централно јадро кое што сите го користиме, или заеднички објекти, но секако и да се прецизираме во она што значи поддршка на невладиниот сектор, спортот, културата и сите други активности кои традиционално се случуваат во годината, како што се големите фестивали кои се интересни и за стопанствениците и за сите граѓани. Целта е да опфатиме колку што можеме повеќе проблеми за решавање, рече градоначалникот Заев.На првата форумска сесија беше презентиран буџетскиот форумски процес, се утврдија структурата и правилата на Форумот, а се формираа и работните групи.Втората форумска сесија ќе се одржи на 20.11.2014 година (четврток) со почеток во 18 часот во малата сала на Домот на АРМ.