„И на глобално и на локално ниво треба уште многу да се работи за да се надмине родовиот јаз“, ова е заклучокот на работната конференција за проценка на резултатите од менторската програма за јакнење на жените во локалната самоуправа којa што се одржа во Скопје, а во организација на Македонско женско лоби во соработка со институтот Евро – Балкан.
На конференцијата присуствуваа и претставници на општина Струмица, односно, координаторот и членовите на комисијата за еднакви можности на мажите и жените при Советот на општината. Беа презентирани досегашните резултати од изработената менторска акција на тема „Внесување на родовата перспектива во општинските акти и стратешки документи“, како дел од акцискиот план за оваа година.Во рамките на овој проект досега подготвивме план за акција, направивме селекција на документите кои ќе бидат анализирани од родов аспект, ги донесовме Статутот на општината, актот за систематизација и деловникот за работата на општината. Направивме предлог измени на документите кои беа предмет на анализа од родова перспектива. Се реализираа 4 работилници на различни теми поврзани со родовата рамноправност. Од постигнатото ќе ги потенцираме, зајакнувањето на капацитетите на Координаторот за еднакви можности на мажи и жени, на комисијата, општинската администрација, исто така инкорпорирана е родова перспектива во општински акти, а општина Струмица ги имплементира и обврските од законот за еднакви можности на мажи и жени и што е најважно, Струмица е родово сензитивна општина, рече на презентацијата, координаторот Нела Масалковска.Струмица е една од 23 општини во Република Македонија вклучени во реализацијата на проектот „Ние сме идни лидерки и двигателки на промените во нашите заедници“.