На третата форумска сесија во рамките на програмата „Форуми во заедницата“, која синоќа се одржа во домот на АРМ во Струмица, уште еднаш се потврди транспарентноста и партиципативноста на граѓаните во креирањето на општинските политики и општинскиот буџет. Цели три часа, граѓаните и градоначалникот, Зоран Заев, заедно ги разгледуваа понудените предлози, одлучуваа за нивната издржаност и можност да се реализираат и да станат составен дел од буџетот на општина Струмица за 2015 година.