Општина Струмица од секогаш се грижела и на дело ја потврдувала својата заложба за заштита на животната средина. И утре, среда, (03.12.2014) ќе го даде својот влог во средината во која живеат и работат нејзините граѓани. Општинската администрација и вработените во општинските јавни претпријатија ќе извршат пошумување на локацијата – стара градска депонија, односно, сегашна базна станица на Јавното претпријатие „Струмица гас“ која што се наоѓа на транзитниот пат на излезот од Струмица кон Валандово.Пошумувањето на оваа локација со повеќегодишни квалитетни борови садници во висина од над 50 сантиметри ќе започне во 8,30 часот.Со ова пошумување, општина Струмица го потврдува сериозниот однос кој од секогаш го имала и ќе го има кон животната средина.