Општина Струмица и Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ вршат проширување на просторот на гробиштата во населеното место Добрејци. Овој зафат се реализира на барање на месната заедница. По проширувањето, целиот простор ќе биде ограден со бетонски столбови и мрежа.