Започнаа свеченостите со кои општина Струмица годинава го одбележува Денот на заштитниците на градот „Св.15 Тивериополски Свештеномаченици“. Во библиотеката „Благој Јанков Мучето“ беа доделени наградите за литературни состави посветени на градот. По распишаниот конкурс пристигнаа вкупно 110 творби од учениците од општинските средни и основни училишта и од возрасни автори. Жири комисијата одлучи првата награда за најдобар литературен состав посветен на градот Струмица во категоријата за возрасни автори да и ја додели на Елизабета Дончевска Лушин. Во категоријата основни училишта првата награда ја доби Елена Тодоровска ученичка во општинското основно училиште „Видое Подгорец“, а од средните училишта најдобар беше трудот на Магдалена Стојанова ученичка во општинското средно училиште „Јане Сандански“.