Со света божествена литургија во чест на Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици, а која се одржа во истоимената црква, Струмица денеска го почна одбележувањето на Денот на заштитниците на градот. На литургијата присуствуваа градоначалникот Зоран Заев, членови на Советот на општина Струмица, гости и поголем број граѓани, почитувачи на заштитниците. Традиционално, точно напладне, во големата сала на НУЦК „Антон Панов“ се одржа свечена седница на Советот на општина Струмица, на која за значењето на празникот зборуваше градоначалникот, Зоран Заев, кој меѓу другото, рече дека ова е ден кој не е ни делник ни празник, туку празник над празниците за сите струмичани, за сите оние кои ја сакаат Струмица и ја чувствуваат за своја и додаде: