Во изминатите шест месеци,од вкупно 877 пријави од граѓани, 811 се решени, а само 66 се во процес на реализација. Тоа беше истакнато на денешната отчетна прес конференција на ,,Систем 48,, на која зборуваше Македонка Манолева.
Почитувањето на принципот на транспарентност, значи обезбедување доволно податоци за граѓаните на Општина Струмица, за директно и непосредно следење на работата и квалитетот на секој сектор и служба во Општина Струмица, директен увид во проблемите и барањата на граѓаните како и непосредно вклучување во нивното решавање и подобрување на состојбата и квалитетот на животот во општина Струмица.
Систем 48, е јавно достапен сервис за сите граѓани на општина Струмица кој успешно функционира три години и неколку месеци. За таквата успешност заслуга имаат сите служби коии се учесници во разрешувањето на пријавите од граѓаните, како и Градоначалникот кој исто така е активен градител на овој јавно достапен и транспарентен општински сервис. Сепак најважната алка се граѓаните кои секогаш се главен коректив на работите во општината, а тоа нajчесто го остваруваат контактирајќи го ,,Систем 48,, на бесплатниот телефонски број 080014848.
Најголемиот број од нивните барања се реализираат во рок од 48 часа, а само мал дел од нив, поради нивната специфика, се решаваат подолго од тоа. Во овој наш полугодишен отчет за сработеното, вреди да се истакне дека во изминативе 6 месеци, во Систем 48 се доставени вкупно 877 пријави од кои 811 се реализирани, а само 66 се во процес на решавање. Во месец јуни, од вкупно 162 пријави решени се 154, а во процес на решавање 8. Во Јули, 134 пријави, 125 решени, а во процес на решавање 9, Август 158 пријави, решени 147, а во процес на решавање 11. Септември 157 пријави, решени 151, во процес на решавање 6, Октомври 151 пријава, решени 140, во процес на решавање 11, и во Ноември 115 пријави, решени 104 , а во процес на решавање се 11.
Транспарентното и јавно работење на чело со Градоначалникот на Општина Струмица е основна цел на Систем 48.
Им изразуваме јавна благодарност на сите граѓани од општина Струмица кои во изминатиов период соработуваа со ,,Систем 48,, со уверување и надеж дека соработката ќе продолжи и во наредиот период.