Екипи на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“, вчера, рачно и со механизација, го чистеа поројот „Крушевска Република“. Исчистена е една четвртина од поројот, или најкритичниот дел, полн со наноси од последните дождови. Според Бранко Ѓоргиев, раководител на работната единица „Чистота“ при ЈПКД „Комуналец“, од овој дел на поројот извадени се вкупно 198 метри кубни наноси. Со ова чистење, ќе се намалат ризиците од поплавите во понискиот дел на градот. Ако дозволат временските услови, чистењето ќе продолжи и во наредниот викенд.