Во организација на Народна техника на Македонија во Прилеп се одржа државна Олимпијада на млади техничари и природници во Прилеп. Учесниците на натпреварот се натпреваруваа по повеќе дисциплини. Основното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиле го претставуваше ученичката Нена Тодорова од 9 одделение под менторство на наставничката Зорица Андонова. Ученичката се натпреваруваше во областа Климатологија со метеорологија, на тема Метеоролошки податоци за прогноза на болести во земјоделието и го освои првото место.