Во просториите на основното училиште „Георг Кастриоти Скендербег“, од селото Порој, општина Тетово беше реализирана заедничката активност во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието на ова училиште и основното општинско училиште „Св.Кирил и Методиј“, од селото Дабиле, општина Струмица.
Станува збор за „Натпревар во спелување по англиски јазик“, поддржан од страна на двете општини, просветните инспектори и одделенијата за образование. Целта на заедничката активност беше меѓусебно запознавање на учениците, родителите и наставниците од двете партнерски училишта, продлабочување на соработката, поттикнување на натпреварувачкиот дух меѓу учениците и проширување на нивните знаења по англиски јазик. По завршувањето на активностa беа посетени општина Тетово, Арабати баба-теќе и соборниот храм „Св.Кирил и Методиј“ во Тетово.