Од 18 до 20 мај во Ниш, Србија се одржа 13-от по ред меѓународен натпревар за гитара на кој учестваа ученици од основните и средните училишта и студенти од регионот. И оваа година имаше голем број ученици од основното општинско музичко училиште „Боро Џони“ кои се вратиоја со одлични резултати.
Прва награда и лауреат (во својата категорија со освоени најмногу поени) освои Велјан Дојчинов, прва награда и лауреати за камерна музика во категоријата основно училиште со освоени максимални 100 поени за квартетот составен од Митко Витанов, Дора Акан, Милка Василева и Томи Василев прва награда за триото составено од Христијан Мираковски, Ангела Мицевска и Александра Цветанова. Прва награда освои и Кире Понов, а втори награди освоија Иван Пакетов и Кирил Ичков. Меѓу членовите на меѓународното жири беше и Васко Пиличев, професор во музичкото училиште „Боро Џони“.