Учениците од ООУ „Никола Вапцаров“ до Костадинов: „Младоста ваша украс на нашето детство“

„Младоста ваша украс на нашето детство, насмевката ваша идеја за новите игри, мудроста ваша го отвора патот за нас кон светли хоризонти, кон спокоен сон во Струмица, во мојот дом, ве сака III-а одделение од ООУ „Никола Вапцаров“, со овие стихови учениците го поздравија вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов, на почетокот од приемот во неговиот кабинет.

По срдечното добредојде од негова страна, како вистински другари, во пријатна атмосфера помина средбата. Дечињата се интересираа за неговиот приватен живот, за функцијата што ја извршува, Костадинов им одговараше на сите нивни прашања , но и ги праша за нивните желби и што според нив и недостасува на Струмица. Спортска сала во училиштето, лизгалиште на плоштад, повеќе детски игралишта, а сите заедно најмногу посакаа зоолошка градина, дури и ги предлагаа животните кои сакаат да ги има таму.Денешната посета на учениците е во рамките на практичното совладување на материјалот по предметот Општество.