Во големата сала на центарот за култура „Антон Панов“ синоќа се одржа годишен концерт на учениците од општинското основно музичко училиште Боро Џони“. Во прекрасните изведби на учениците уживаа вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов, претседателот на Советот, Јосиф Христов и членови на истиот. Во рамките на концертот ученичката Ана Мазнејкова доби награда лично од внукот на Боро Џони за постигнати најуспешни резултати, а ученикот Васил Бунгурџиев доби благодарница и плакета од училиштето за превенец на генерацијата. Учениците од училиштето и годинава приредија концерт за паметење, а сите ученици кои добија награди на натпреварите во оваа година добија букети свежо цвеќе.