Со пригодна свеченост, во малиот градски парк, беше одбележана 36-годишнината од смртта на борецот Боро Поцков – Мирко. На одбележувањето присуствуваа вршителот на должноста градоначалник Костадин Костадинов, претседателот на Советот на општина Струмица Јосиф Христов и членови на истиот, претставници на Општинскиот одбор на Сојузот на борците од НОАВМ и граѓаните поддржувачи, претставници на јавни институции и почитувачи на неговото дело.