По снежните врнежи, екипи на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ викендот беа постојано на терен и интервенираа по улиците во градот обезбедувајќи услови за нормално одвивање на сообраќајот. Според Бранко Ѓоргиев, раководител на работната единица „Чистота“ се интервенираше со два камиона со плуг и два трактора со циклон и тоа на сите улици каде што овие возила можеа да влезата, а поради лошо паркирани возила од страна на граѓаните, возилата на „Комуналец“ не можеа да влезат во дел од улиците, особено во горниот дел од градот. Во изминатите два дена на улиците во Струмица беа фрлени 8,4 тони сол и 3,5 тони ризла, а се вршеше и машинско расчистување на снегот во населеното место Габрово.Од Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ потврдија дека располагаат со доволни количини сол и ризла, а и возилата се подготвени за одржување на улиците во зимски услови.