Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, денеска присуствуваше на конференцијата „Локалните Економско Социјални Совети (ЛЕСС) – двигатели на локалните политики за вработување“ која што се одржа во Скопје.
Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, денеска присуствуваше на конференцијата „Локалните Економско Социјални Совети (ЛЕСС) – двигатели на локалните политики за вработување“ која што се одржа во Скопје.
На конференцијата се дискутираше за постигнувањата и предизвиците во функционирањето на ЛЕСС, како и за нивната улога во поддршката на локалните политики за вработување, а поздравни обраќања имаа и амбасадорот на САД во Република Македонија Џес Бејли и министерот за труд и социјална политика Фросина Ташевска -Ременски.Градоначалникот Заев од секогаш ја давал својата максимална поддршка во делот на вработувањето, а тоа се потврдува со фактот што Струмица е првата општина во Република Македонија која во декември 2011 година формираше Локален Економско Социјален Совет. Советот во кој се вклучени сите засегнати страни, Општината, работодавачите, образовните институции и Агенцијата за вработување, ја има улогата на советодавно тело на Општината за прашања поврзани со подобрувањето на можностите за вработување на младите.На денешната конференција во Скопје присуствуваа и претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов и претставници на Одделението за локален економски развој.Функционирањето на ЛЕСС е во рамките на проектот на УСАИД Младинска мрежа за стекнување вештини за вработување Мрежа ЈЕС.