Освен со својата работа во која најчесто спасуваат човечки животи и материјални добра, вработените во Територијалната професионална противпожарна единица на Струмица имаат и друга хумана страна, а тоа е крводарителството.
Веќе подолго време, пожарникарите се меѓу најчестите крводарители во заводот за трансфузиона медицина во Струмица. И денеска беше спроведена крводарителска акција за која меѓу пожарникарите имаше голем интерес и како многу пати досега ја подадоа својата рака за да спасат нечиј човечки живот.