Заврши поставувањето на новиот покрив на опожарениот дом на културата во населеното место Вељуса. За овој зафат од буџетот на општина Струмица беа издвоени 336.000 денари.
Санирањето на штетите почна кон крајот на декември минатата година, а целосната реконструкција на домот е планирана за оваа година. Пожарот кој во домот на културата избувна на 21 ноември 2015 година предизвика голема материјална штета.