И во оваа 2016-та година продолжува довербата на граѓаните во општинскиот сервис „Систем 48“. Во јануари биле доставени вкупно 126 пријави од кои решени се 115 пријави, а останатите 11 пријави се во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа. Најголем број од пријавите доставени до „Систем 48“ во месец јануари се од областа на уличното осветлување 81, од областа на собирање смет 7 и исто толку од водовод и канализација, а останатите се од други области.Од „Систем 48“ апелираат до граѓаните на општина Струмица за навремено пријавување на проблемите на бесплатниот телефонски број 080014848, за да може во определениот рок да се интервенира по доставените пријави, а истовремено им се заблагодаруваат за користењето на услугите на овој општински сервис.